Дали фудбал на маса би бил позабавен доколку ја играте на Louis Vuitton брендирана масата?
Па, сето тоа зависи од натпреварувачите, но сосема сме сигурни дека сопствениците би уживале повеќе од вообичаено, бидејќи сепак они избрале да платат 75.000 долари со цел да си ја овозможат ова брендирана забава. Мораме да потенцираме дека масата не нуди ништо поразлично од обичната – ќе ви овозможи забава и начин како да го потрошите своето време и да уживате со пријателите. Можеби, би ви помогнала да го зацврстите вашиот друштвен статус и да направите кул слики за на Instagram, бидејќи сепак немаат сите можност да позираат пред ваков примерок.
Всушност, масата е понудена во две верзии на монограмско платно, како и во варијанти изработени од живописна кожа. Кој било материјал да го одберете, ќе биде покриена целата маса, додека рачно аплицираните словени на боја го декорираат секој агол. Внатре, рачно изработените играчи се инспирирани од Louis Vuitton Groom карактерот од неговата рекламна кампања која е емитуваше во 1921 година. Цената на ова маса се движи од 75.000 долази за верзијата со монограмско платно, па се до 93.000 долари, доколку за главен материјал ја одберете кожата.






