Љубителите на Porsche 911 моделот имаат многу причини да бидат среќни овие денови…
Покрај лансирањето на ултимативните и најмоќни верзии од овој автомобил, пред неколку дена во понуда се најде апарат за кафе кој изгледа како верзија на моторот кој се наоѓа во 993 генерација од славниот модел. Се разбира, станува збор за ремек дело на јужно-африканската компанија Super Veloce, која претходно имаше лансирано слични модели, според изгледите на моторите од егзотичниот автомобил.
Espresso Veloce RS Black Edition модел чини 11.000 долари, а само 993 примерока се произведени. Апаратот за еспресо е дизајниран од алуминиумска легура која содржи 6082 Т5 и 7075, хируршки неразградлив челик и титаниум. Дизајниран на таков начин, што веднаш не асоцира на класичниот 3.6 литарки мотор со внатрешно согорување од 993 генерација на 911 модел. Покрај тоа, тој доби и сатенски црн финиш, додека главните цилиндри црна боја.
Некои ќе помислат дека Espresso Veloce RS Black Edition изгледа познати, и да знаете дека се во право. Ова компанија ја претстави традиционалната варијанта на овој апарат за кафе пред две години, со тоа што беше понуден со свелуцав металик финиш. Еспресо апаратот тежи околу 25 килограми.










