Very Irresistible Givenchy парфем од 2003 година, е еден од најпрепознатливите производи од славниот бренд, кој во текот на годините доби бројни варијанти и изданија…
Задржувајќи го неговиот назив и концепт, Givenchy сега лансира нов мирис – Irresistible Givenchy, кој доаѓа во сосема ново шише и арома. Irresistible Givenchy е најавен како цветно-дрвен и овошен мирис, кој се поигрува со контрастите на две спротивности – богати акорди на ружа и нота од дрва. Нежниот мирис на ружата ги отвора нотите од овожните крушки и амбрет семе, со нота на ирис и дрвенасти компоненти кои доаѓаат како поддршка.
Парфемот е потпишан од Ени Бал, Доминик Ропион и Ане Флипо, додека заштитно лице на кампањата е британскиот модел Френ Самерс. Irresistible Givenchy парфемот не достапен во верзиите од 35, 50 и 80 мл.




