На најјужниот крак на Израел во Арапскиот залив се наоѓа Елиат- популарно одморалиште и залив каде што морето и пустината се совршено магични…
Елиат има преубави плажи и топло време во текот на целата година, а еден од најдобрите хотели на ова место е Orchid Reef Hotel, кој е дело на израелскиот дизајнер на ентериери Даниел Хејсон.
Orchid Reef е бутик хотел со луксузни соби кои имаат минималистички дизајн. Сепак, не е само квалитетниот мебел, одличното осветлување и шармантната палета на бои она што го прави овој хотел неверојатен. Целиот проект дава сè од себе за да ја намали разликата меѓу ентериерот и екстериерот, а Даниел Хејсон дефинитивно успеал да креира еден вид на хармонија.
На сето тоа ако се додаде и неверојатната локација со поглед на море, ќе добиете одмор кој засекогаш ќе ви остане во сеќавање.







