Прекрасната чанта доаѓа во внимателен избор на пастелни нијанси, идеални за пролетните и летните денови…
Брендот Gucci штотуку ги откри новите бои за својата линија на чанти GG Marmont 2.0, нудејќи целосен асортиман на прекрасни варијации на пастелни теми. Чантите се појавуваат во неколку форми и ќе бидат достапни во Baby Pink, Light Blue, Pastel Yellow i Water Green, како и во разнобојна верзија на бои.
Создадени од креативниот директор на модната куќа, Александар Микеле, силуетите го добија класичното GG лого на централниот дел, создадено во сребрена боја. Овие модели направени од егзотична кожа, можете детално да погледнете во нашата галерија.
Поради пандемијата со вирусот корона, официјалниот датум за лансирање на новите чанти не е објавен, но ние сме сосема сигурни дека ќе ве воодушеват на прв поглед.












You must be logged in to post a comment Login