Езотичниот ритам на Куба беше појдовна инспирација за новата летна колекција на еден од омилените „high street” брендови, шведскиот гигант H&M.
Летната линија е вистинско олицетворение на опуштено и лежерно лето, па токму такви се и кроевите: лесни, широки, удобни…

Сезонава еден од најактуелните принтови е оној со листови од палма, па покрај другите познати брендови како Долче и Габана, и H&M го имплементираше во дизајнот на новата летна колекција.
Кратки панталони, макси здолништа комбинирани со краток топ, комбинезони, елеци на врзување, фустани со страничен шлиц, се само дел од летната понуда на шведскиот бренд идеални за егзотично лето на плажа.
Дел од нив се сместени и во новиот лукбук.





You must be logged in to post a comment Login