После линијата маици, долна облека, обувки и парфеми, Кристијано Роналдо започна нов бизнис и отвори егзотичен хотел во Мадеира, Португалија.

Pestana CR7 е името на хотелот кој изгледа прилично спектакуларно и однатре и однадвор.
Стандардните соби чинат околу 215 евра од ноќ, а ако сакате да престојувате во CR7 апартманот, ќе мора да платите 690 евра за една ноќ.
Овој хотел е само првиот во низата, а следуваат еден во Лисабон кој ќе биде отворен во август, еден во Њујорк кој се планира за 2017-та и еден во Мадрид, во 2019-та година.















You must be logged in to post a comment Login