Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Не купувајте модели со тенки ремчиња: 4 грешки кои жените ги прават кога бираат сандали

Скоро сите жени се согласни во едно: во текот на летните месеци, сандалите се неизбежен моден додаток. Меѓутоа, доколку изберете погрешен пар, можете да имате повеќе штета отколку корист.

ne-kupuvajte-modeli-so-tenki-remcinja-4-greski-koi-zenite-gi-pravat-koga-kupuvaat-sandali-001_copy.jpg

Едно од правилата кое треба да го следите при купување на нови сандали е правилото за естетика. Ако чевлите ви се убави, гласчето во вашата глава ќе ви рече: „Нема врска, ќе ги разгазиш.“

Но, сепак ако имате впечаток дека се лажете сами себеси за да го оправдате нивното купување, најдобро е сандалите да ги оставите на полицата каде што ги најдовте.

Кога се во прашање најголемите грешки што ги правиме со летните сандали, ортопедите тврдат дека една од најголемите е тоа што купуваме сандали со претенки ремчиња. кои полесно ја запираат циркулацијата од ногата, за разлика од подебелите ремчиња.

Исто така, треба да проверите дали ремчето ги сече коските на прстите, затоа што тоа би можело да создаде плускавици и да го направи невозможен одот во сандалите.

Ортопедите исто така советуваат да не купувате сандали кои може да ги „преполовите“ со рацете, бидејќи тоа значи дека немаат доволно стабилна поддршка за вашето стапало.

Сепак, според докторите, она во што жените најмногу грешат е фактот дека пребрзо ги облекуваат чевлите т.е. тие не се уште разгазени.

Сандалите прво носете ги низ домот, па до продавница и тек после, кога ќе се прилагодат на вашите стапала, тогаш облечете ги за излегување. Ако ни дотогаш не се добри и продолжат да ви предизвикуваат проблеми, тогаш време е да им кажете збогум.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Route 66

Ова е целта што инвеститорот според бизнис планот и потпишаниот договор е должен да ја исполни – посочи Деспотовски. Според медиумите од Северна Македонија,...

Fine Living

Распространетиот коњанички имот има замок со осум спални соби и 150-години стара чуварска куќа. Двејн Џонсон се префрли во селата на Џорџија.Ентитет поврзан со...

Route 66

Повикувајќи се на добро информирани извори, Bloomberg објави дека Renault размислува да продаде дел од својот удел во Nissan за да собере неколку милијарди...

Fine Living

Домот на Ема Робертс покажува како да се создаде атмосфера на топлина и релаксација во со детали, бои и материјали.Актерката(и внука на Џулија Робертс)...

Advertisement