Колку и да не сакаме да признаеме се чини дека технологијата наместо да ни го олеснува животот таа нè прави нејзини робови.

Речиси постојано сите сме толку загледани во нашите паметни телефони што воопшто не фрламе ни поглед кон природата која нè опкружува и која има толку многу убавини.
Затоа оставете го телефонот барем неколку часа подалеку од вас, исклучете го телевизорот и едноставно излезете надвор и почувствувајте го светот и сето она кое тој има да ви го понуди.
А верувајте тоа е навистина многу….
Почувствувајте како светлината ја гали вашата кожа

Наберете свежо овошје и почувствувајте го неговиот вкус

Држете се за раце со луѓето кои ги сакате

Пишувајте. Со вистинско пенкало. На вистинска хартија.

Почувствувајте како водата ви истекува низ дланките

.
Сетете се како е да бидете дете и допрете ги дрвјата

Галете милениче

Гушнете некого

Играјте со глина. Направете нешто креативно, ваше, без никакви филтри

Прочитајте книга. Бавно вртете ја секоја страна и уживајте во нивниот шум и мирис

Ставете ја раката на прозорецот и почувствувајте го дождот

Уживајте во смиреноста која ви нуди чаша чај, кафе…

Почувствувајте го песокот како ви се лизга низ прстите

Земете четка и бои и ставете ги вашите мисли на хартија

Купете си цвеќе и уживајте во неговата совршеност


You must be logged in to post a comment Login