Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Женска колекција BOSS CRUISE 2017

BOSS Cruise 2017 ženska kolekcija

Женскиот моден бренд Boss  ја продолжува својата еволуција, со леснотија и прецизен допир кој лежи во новата колекција  Cruise 2017…

Уметничкиот директор на овој бренд,  Џејсон Ву, ја истражи својата еститка и понатаму, со комбинирање на женственоста со линеарни форми. Силуетите се опуштени со спуштени раменици и  непогрешливо женски и со чисти материјали обвиткана силуета.

Убави флуидни форми можат да се видат во прецизната изработка. Опуштените фустани имаат шеврон кој е изработен од кожа, поврзан со свиленкаст шеврон кој ја одликува прозрачноста и леснотијата на материјалите.

Чувството на геометрија се јавува и на оние места кога најмалку очекуваме дека е можно да е застапено, како на пример на нежно розово здолниште, чисти линии на елегантен фустан, или на префинета вечерна тоалета со шеврон детали.

Капутот до колена е украсен со долг фраг, кој ги издолжува нозете, додека пак едноставнот смокинг е разубавен со сатенски шал. Елегантниот вечерен фустан е разубавен со реси кои му даваат посебен изглед.

Што се однесува на аксесоарите, во понудата се нови сандали и еспадрили кои имаат на себе разни летни мотиви. Чантата  Boss Bespoke претставена е од нов материјал, но од веќе позната кожа. Луксузните мини чанти со синџирче се дел од оваа колекција кои го разубавуваат и секојдневниот изглед на секоја жена. Тоа е пораката на Boss за оваа летна сезона!

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Route 66

Ова е целта што инвеститорот според бизнис планот и потпишаниот договор е должен да ја исполни – посочи Деспотовски. Според медиумите од Северна Македонија,...

Fine Living

Распространетиот коњанички имот има замок со осум спални соби и 150-години стара чуварска куќа. Двејн Џонсон се префрли во селата на Џорџија.Ентитет поврзан со...

Route 66

Повикувајќи се на добро информирани извори, Bloomberg објави дека Renault размислува да продаде дел од својот удел во Nissan за да собере неколку милијарди...

Fine Living

Домот на Ема Робертс покажува како да се создаде атмосфера на топлина и релаксација во со детали, бои и материјали.Актерката(и внука на Џулија Робертс)...

Advertisement