Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

3 причини зошто треба да го посетите островот Локрум (фото)

На 10 минути возење со брод од стариот дубровнички залив е сместен островот Локрум, кој се простира на површина од 0,7 квадратни километри. Станува збор за магично место кое секој би сакал да го посети.

3-prichini-zoshto-treba-da-go-posetite-ostrovot-lokrum-foto-001.jpg

Тоа е одлично за оние кои сакаат да се оттргнат од масовниот туризам и да уживаат во недопрената природа.

А, ова се 3-те причини зошто вие веднаш треба да се упатите натаму:

1. Зелена оаза

Локрум е посебен резервоар за шумска вегетација под заштита на Унеско кој крие восхитувачка природа. Тука можете да уживате во ботаничката градина со интересна збирка на еукалиптуси и кактуси, прекрасни градини и да се освежите во ладовината на шумите од црн јасен, божур и алепски бор.

2. Мртво море

На јужната страна од островот е сместено Мртвото море, т.е. своевидно езерце со морска вода кое се пробилa на копното. Поради плитката вода, ова место е особено погодно за капење на мали деца и луѓе кои не знаат добро да пливаат.

Целиот остров е преполн со мали котлини кои се наметнуваат како одлично место за капење, нуркање и други летни активности. А, има и нудистичка плажа.

3. Фауна

На овој остров може да се видат и интересни ретки животински видови кои се прилагодиле на животот на тоа место. Такви се заштитените желки-чанчари, кои можат да доживеат и до 100 години, гуштер-блавор, додека брегот го обиколуваат ракови-витичари, црвена анемона, а некаде на дното има и по некој бисер.

На островот не смее да се загрозуваат природните и културните добра, да се фрлаат отпадоци, да се носат кучиња или да се пали оган. Не е дозволено пушење како и преспивање.


На Локрум може да погледнете и:

– Црквата Навјештења во која повремено се одржува миса.

– Манастирскиот комплекс – кој се состои од остатоци на базилика од 12-ти и 13-ти век, манастир со клаустарска градина од 15-ти и 16-ти век и летниковецот Максимилијан Хабсбуршки.

– Тврдината Ројал, која се воздигнува на 96 метри, што е воедно и највисокиот дел од островот, претставува одличен видиковец кој нуди поглед на Дубровник и околината.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Route 66

Ова е целта што инвеститорот според бизнис планот и потпишаниот договор е должен да ја исполни – посочи Деспотовски. Според медиумите од Северна Македонија,...

Fine Living

Распространетиот коњанички имот има замок со осум спални соби и 150-години стара чуварска куќа. Двејн Џонсон се префрли во селата на Џорџија.Ентитет поврзан со...

Route 66

Повикувајќи се на добро информирани извори, Bloomberg објави дека Renault размислува да продаде дел од својот удел во Nissan за да собере неколку милијарди...

Fine Living

Домот на Ема Робертс покажува како да се создаде атмосфера на топлина и релаксација во со детали, бои и материјали.Актерката(и внука на Џулија Робертс)...

Advertisement