Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

ШЕСТ ТИПИЧНИ ГРЕШКИ ПРИ УРЕДУВАЊЕ НА ДОМОТ

Вашиот дом е огледало на вашата личност. Првото нешто што го забележуваат гостите во вашиот дом е декорот.

Многу често жените знаат да претераат при уредување на животниот простор. Како резултат на тоа, домот изгледа неуредно и неорганизирано. За да не ви се случи тоа, следете ги следните совети:

Неуреден ходник
Ова е првата просторија во која ќе ги поздравите гостите. Секогаш потрудете се ходникот да биде чист и уреден. Едноставен детаљ (слика или вазна) ќе го подобри целокупниот впечаток за вашиот дом.

Некористење огледало во малите простории
Ако имате мала дневна соба, тогаш огледало ќе ви помогне таа да изгледа поголема. Ставете огледала на ѕидовите или на краевите од собата. Можете да изберете разни рамки, но најважно е огледалата да бидат што поголеми. Тие, освен што прават просторот да изгледа поголем, исто така и рефлектриаат светлина и ја разубавуваат просторијата.

Претерување со мебелот
Ова е една од најголемите грешки. На ставајте премногу детали во просторијата, инаку таа ќе изгледа пренатрупано и неорганизирано. Колку помалку мебел – толку подобро. Не велиме дека треба да се откажете од основните парчиња мебел, но нема потреба за претерување.

Погрешни комбинации со бои
Комбинацијата со бои игра најважна улога во декорирање на домот. Голем број жени го забораваат тоа. На пример, ако вашите ѕидови се црвени, бирајте мебел во светла или контрастна боја.

Лошо осветлување
Знаете ли дека лошо осветлување исто така може да ја расипе убавината на вашиот дом? Важно е светлината да биде во склад со потребите на просторијата. Немојте да користите преголеми светла само за да ја декорирате просторијата. Користете светло само за да ја подобрите убавината на декорот.

Брзинско уредување на просторијата
Одвојте време да го уредите вашиот дом. Имајте на ум дека декорирањето е уметност и дека мора да се направи на одреден начин. Ако не сте сигурни како најдобро да го декорирате животниот прстор, консултирајте се со дизајнер на енетериер.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Route 66

Ова е целта што инвеститорот според бизнис планот и потпишаниот договор е должен да ја исполни – посочи Деспотовски. Според медиумите од Северна Македонија,...

Fine Living

Распространетиот коњанички имот има замок со осум спални соби и 150-години стара чуварска куќа. Двејн Џонсон се префрли во селата на Џорџија.Ентитет поврзан со...

Route 66

Повикувајќи се на добро информирани извори, Bloomberg објави дека Renault размислува да продаде дел од својот удел во Nissan за да собере неколку милијарди...

Fine Living

Домот на Ема Робертс покажува како да се создаде атмосфера на топлина и релаксација во со детали, бои и материјали.Актерката(и внука на Џулија Робертс)...

Advertisement