Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Каков костим за капење најдобро ви стои според обликот на задникот?

Летната сезона веќе и официјално започна и сите се во потрага по нов костим за капење. И додека горниот дел е лесен за наоѓање, многу жени имаат тешкотии со пронаоѓање на долен дел.

kakov-kostim-za-kapenje-najdobro-vi-stoi-spored-oblikot-na-zadnikot-01.jpg

Ако сакате да бидете сигурни дека кројот кој што ви се допаѓа одговара на градбата и обликот на вашиот задник, тогаш ова се правилата до кои мора да се придржувате:

1. Мал задник – бразилки или бикини

Жените со мал задник можат да си поиграат со минијатурен долен дел, но со богати и интересни дезени. Еден од моделите кој најдобро одговара на ваквиот задник се бразилските т.е. плитките бикини костими кои се на врзување. Овие кроеви го нагласуваат долниот дел од телото и колковите.

po-merka-kostim-za-kapenje-za-site-tipovi-zadnici-02.jpg

2. Рамен задник – боксерки или бразилки

Задникот кој нема нагласен профил, ниту колкови дозволува интересна игра со долниот дел од костимот за капење. Со ваквата градба најдобро ќе се вклопат плитките боксерки или бразилки кои акцентот го ставаат на колковите. Исто така, ресите, траките и сличните додатоци се и повеќе од добредојдени.

po-merka-kostim-za-kapenje-za-site-tipovi-zadnici-03.jpg

3. Широк задник – широк костим

Широкиот задник е оној кој нема нагласен профил, туку неговиот волумен е во колковите. Ако сакате да го оттргнете вниманието од тој дел, одберете костим кој од страните е широк. Поширокиот дел ги покрива колковите и акцентот го става на нозете, што визуелно ги продолжува и ги прави повитки.

po-merka-kostim-za-kapenje-za-site-tipovi-zadnici-04.jpg

4. Заоблен задник – ретро

Жените кои можат да се пофалат со нагласени, заоблени колкови и заоблен, бразилски задник лесно можат да си поиграат со овогодинешниот хит модел. Станува збор за ретко крој со висок струк кој се протега до под папокот или над него. Моделите кои ги одбирате треба да бидат со висок засек, за акцентот да биде на бедрата и плус визуелно да ги издолжи нозете.

po-merka-kostim-za-kapenje-za-site-tipovi-zadnici-05.jpg

 

5. Сплескан задник – бикини на врзување

Задникот кој не е нагласен во колковите, а од профил изгледа сплескан совршено ќе дојде до израз со помош на бикини на врзување. Препорачливи се и богати примери на колани кои ќе го привлечат погледот кон долниот дел од телото. Водете сметка за тоа бикините да бидат отворени на задникот и со поголем засек, затоа што така ќе предизвикате „push-up“ ефект.

po-merka-kostim-za-kapenje-za-site-tipovi-zadnici-06.jpg

6. Срцевиден задник – костим со висок струк

Овој облик на тело изгледа убаво во костим со висок струк со дебел бочен дел и колан. Коланот ќе ги прикрие спојлерите и делот од стомакот, а вниманието ќе биде на препоните и бедрата.

po-merka-kostim-za-kapenje-za-site-tipovi-zadnici-07.jpg

7. Заоблен, спуштен задник – бразилки

Нагласениот задник кој се спушта преку страничниот дел од бедрото може да изгледа многу заводливо благодарение на бразилките. Овој крој е нешто понизок така што на страничниот дел има висок засек. Ако сепак не ви одговара толку обичен модел, тогаш одберете крој кој е тенок од страните, а задниот дел е со висок засек.

po-merka-kostim-za-kapenje-za-site-tipovi-zadnici-08.jpg

8. Низок нагласен задник – костим на врзување

На задникот кој на долниот дел е најмногу изразен, а во пределот на колковите е тесен, најмногу му одговараат модели со изразени детали на колковите. Најдобар избор се пошироките костими кои од двете (или од едната) страни имаат врвци или некој сличен додаток. Овој крој го акцентира горниот дел од задникот за визуелно да го балансира обликот.

po-merka-kostim-za-kapenje-za-site-tipovi-zadnici-09.jpg

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Route 66

Ова е целта што инвеститорот според бизнис планот и потпишаниот договор е должен да ја исполни – посочи Деспотовски. Според медиумите од Северна Македонија,...

Fine Living

Распространетиот коњанички имот има замок со осум спални соби и 150-години стара чуварска куќа. Двејн Џонсон се префрли во селата на Џорџија.Ентитет поврзан со...

Route 66

Повикувајќи се на добро информирани извори, Bloomberg објави дека Renault размислува да продаде дел од својот удел во Nissan за да собере неколку милијарди...

Fine Living

Домот на Ема Робертс покажува како да се создаде атмосфера на топлина и релаксација во со детали, бои и материјали.Актерката(и внука на Џулија Робертс)...

Advertisement