Кујната е срцето на секој дом, што значи дека истовремено треба да изгледа убаво, да биде удобна и функционална.

Добрата вест е што не ви требаат многу пари за да го постигнете тоа, туку само добри идеи и замисли.
Овие 15 совети ќе ви помогнат конечно да ја создадете кујната од соништата:
1. Одберете отворени полици, наместо шкафчиња. Така ќе добиете повеќе простор за складирање, додека кујната ќе изгледа поголема.

2. Задржете се до пастелните тонови и светлото дрво. Не бирајте темни бои и масивно дрво, колку и да ви изгледа луксузно и елегантно.

3. Додадете светло. Отворете ги прозорците, обојте еден ѕид во жолта боја, поставете неонки…

4. Поиграјте си со перцепцијата со помош на линиите. Вертикалните линии ќе ви помогнат целиот простор да изгледа повисоко, додека дијагоналните имаат моќ да го прошират просторот.

5. Искористете го секој сантиметар паметно и одбирајте елементи кои се функционални пред сè. Пример, аголните фиоки се спас за секој простор на кој му недостасува место за складирање.

6. Даските за сечкање и работните површини сокриени во првата фиока се вистински бонус.

7. Отворете го просторот така што полиците нема да бидат целосни или пак наместо дрвени, ќе бидат од проѕирно стакло.

8. Искористете ја уметноста за да го одвлечете фокусот. Деталите во боја или ѕидните тапети се добар начин визуелно да добиете простор и да ја разбиете монотонијата.

9. Линиите на ѕидовите исто така може да ви помогнат да го издолжите или извишите просторот.

10. Пронајдете го спасот во еден елемент со многу фиоки и шкафчиња, наместо сите зачини и ситници да ви бидат оставени на работната површина.

11. Пронајдете нешто што ве пресликува вас лично или вашето семејство за да не се изгубите меѓу идентичните дизајни на кујни.

12. Дајте им нов живот на старите садови.

13. Размислете од што сè можете да направите корисни закачалки, а да не потрошите ни денар.

14. Не заборавајте на ѕидните декорации. Пример, послужавниците со ефект на огледало значително може да го освежат просторот.

15. За крај, внесете билки во просторот.


You must be logged in to post a comment Login