Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Вилата CAMDEN-Тропско остварување на Вашите соништа

Camden vila - tropsko ostvarenje snova

Животот во ваква вила покрај плажа е сон за кој веројатно многу од нас сонуваат…

Овојпат ние Ви нудиме поглед од кој ретко кој може да остане на нозе, што претставува се она за што ние долго сонуваме. Вилата  Camden е сместена на островот Grand Cayman, за Вас може да биде дом од соништата, ако за неа сте спремни да платите 6.5 милиони долари.

Оваа луксузна вила за Вас нуди 1000 м2, а содржи 4 спални соби, 4 купатила и 2 тоалета. Нејзиниот совршен и минималистички внатрешен ентериер прекрасно е придружен со својот современ ентериер -но она што навистина и дава посебна убавина е секако погледот на море, зрем не?

Вилата  Camden содржи  голема дневна соба која што е споена со кујнаи прозорци од подот до таванот. Прозорците можат да бидат скриени во внатрешноста на ѕидот, ако тоа е она што го сакате да се добие максимална приватност. Во кујната има Miele и Bosch апарати ормани изработени од храст и текстури од камења.

Карпиското море е на само неколку минути од оваа вила, Па слободно си даваме за право да ја наречеме вила од рајот. Кога се зборува за рајот, главната спална соба и на оваа вила ви нуди панорамски поглед на тиркизно море и околните палми. Бањата содржи џакузи и приватна тераса, самостоен туши елегантно лавабо.

Останатите спални соби се подеднакво имресионирачки, со своите модерни парчиња мебел, прозорци од таванот до плафонот, и други елементи кои нагласуваат лежерен луксуз кој го нуди вилата Camden. Една од трите тераси може да ви овозможи идеално опуштање на една од нив со друштво или пак некоја романтична вечера. Единствено прашање кое може да си го поставиме , дали можете да си дозволите селидба во оваа вила?

 

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Route 66

Ова е целта што инвеститорот според бизнис планот и потпишаниот договор е должен да ја исполни – посочи Деспотовски. Според медиумите од Северна Македонија,...

Fine Living

Распространетиот коњанички имот има замок со осум спални соби и 150-години стара чуварска куќа. Двејн Џонсон се префрли во селата на Џорџија.Ентитет поврзан со...

Route 66

Повикувајќи се на добро информирани извори, Bloomberg објави дека Renault размислува да продаде дел од својот удел во Nissan за да собере неколку милијарди...

Fine Living

Домот на Ема Робертс покажува како да се создаде атмосфера на топлина и релаксација во со детали, бои и материјали.Актерката(и внука на Џулија Робертс)...

Advertisement