Совршено избалансиран микс на на преубави фотографии и мултимедијална графика, во комбинација со рачно преработени материјали…кои се дело на Алекса Турко…
Алекс Турко успеа да ја претстави новата елегантна уметничка форма за нашите домови и внесува нова енергија. Нудејќи можност на клиентите да учествуваат во креативниот процес заедно со уметникот, неговата нова колекција Decorative Art панели кои се направени по мерка, им овозможуваат на сите да го имаат она што го посакуваат, во бои , големина и завршни детаљи какви што посакуваат навистина.
Осмислени се за луксузен ентериер и благосостојба на истиот, Canvas Art панелите се достојни за внимание и се креирани за прјатна атмосфера. Алуминиумските умтнички панели се спектакуларни, како единствена модна изјава за енетериер и екстериер.
Турковите панели можат да се купат во секој дел на светот, а се изработуваат во Италија и во САД. Тој често соработува со дизајнери и архитекти на ентериер, и бизнис професионалци, кои имаат докажана флексибилност и професионалност, кои можат да ги задоволуваат потребите дури и на најпребрливите клиенти.










You must be logged in to post a comment Login