Модната куќа Dolce&Gabbana ни претстави фантастична колекција на очила за сонце за пролет /лето 2016, упадлива колекција за сонце, која Ви гарантира дека нема да останете незабележани доколку одберете некој од моделите на новата колекција.
![]()
Колекцијата Sicilian Carretto е преполна со бои, раскош и инспирирана е од Сицилија и нејзината богата историја. Оваа посебна колекција е изработена рачно, на дрво , базирана е на три модели на кои се гледа оригиналност аи фантастичноста , препознатливиот стил на оваа италијанска модна куќа, која неодамна реши да го прослави своето наследство.
![]()
Колекцијата се состои и од други детаљи за топлите денови, костими за капење, торби на кои се обрнува посебно внимание.

You must be logged in to post a comment Login