Изборот е повеќе од фантастичен!
Одамна не сме имале толку многу различни стилови кога станува збор за чанти. Ова сезона пролет/лето 2016 нуди за секој барем по неколку модели кои можат да го задоволат Вашиот вкус, а ние ги одбравме оние најпопуларните кои ги освоија срцата на повеќето модни дизајнери.
![]()
Од класичните и ретро моделите, па се до оние футутристички модели, пред Вас е прегледот на најважните трендови од светот на торбите за актуелната сезона:
НОВИ ЧАНТИ СО РЕСИ
Ресите повторно доаѓаат во мода оваа сезона и тоа во ведри бои, но тие веќе не се поврзуваат само со boho стилот и со 70-тите години.
Тие се присутни на вечерните чанти, на бизнис моделите а меѓу нивните фанови се Stella McCartney, Diane von Furstenberg , Roger Vivier, Saint Laurent,а во нашата галерија ќе најдете модели кои се од high street понудата.
![]()
Ги поврзуваме со фестивалската мода, опуштени комбинации , но ресите добија вистинско модно враќање, така што лесно можат да се вклопат во секој стил.
КРУЖНИ ЧАНТИ
Чантите со тркалезна форма не се нови во модата , но оваа сезона се посебно актуелни.
![]()
Моделите Mansur Gavriel се можеби ,,виновни” што овој бренд токму сега заживеа.Исто така главен придонесувач за тоа е и познатиот Paco Rabanne, а кој дизајнер уште се наоѓа во галеријата можете да погледнете.
Сеедно дали се работи за дневна или пак за вечерна чанта, овие чанти се вистинско освежување:
ЧАНТИ СО ЛАНЦИ
Ланчето е совршен детаљ за секоја чанта.
Roger Vivier, Prada, Jimmy Choo, Calvin Klein, Karl Lagerfeld, се оние кои го вметнаа ланецот како дел од чантите за сезона пролет/лето 2016.
![]()
Ланецот може да биде во металик боја, но сјајно изгледа кога тие би биле и во некој алетна боја.
Burberry, Gucci, Valentino го обожаваат овој бренд.
Кога се работи за чантите, Burberry, Gucci, Valentinoсе меѓу оние кои сакаат се повеќе детаљи на чантите.
![]()
Украсите се богати, раскошни, сеедно дали се работи за вечерните или за чантите кои се наменети за дневна прошетка.
Од везени мотиви , па се до разни стакленца, камчиња овој тренд ви дозволува да претерате и да ја збогатите скоја комбинација.






















































You must be logged in to post a comment Login