Како што знаете, модните трендови постојано се менуваат, а тоа значи дека правилата кои некогаш се важеле денес веќе не се почитуваат. Време е да ги отфрлите старите убедувања бидејќи тие се полоши и од гардеробата од минатата сезона.
Оние кои поставуваат трендови и нови модни правци се разликуваат од останатите во една клучна работа – тие се осудуваат да бидат првите кои ќе направат нешто поинаку. Ако планирате да и се придружите на оваа храбра мала група луѓе, време е да ги разбиете вкоренетите правила:
1. Бело не се носи во зима
Бело не се носи во зима, ќе речат само оние кои се плашат дека калливото време ќе им ја уништи гардеробата!

2. Чантата мора да одговара со чевлите
Дури и врапчињата знаат дека ова правило го почитуваат само модните кукавици. Бидете подобри од тоа фантазирајте!

3. Не мешајте различни дезени
Порано се знаеше и се почитуваше ова правило, но време е да си ја пробате среќата со повеќе различни дезени и на тој начин да ги изразите креативноста и слободниот дух.

4. Тегет и црно не одговараат
Ако паметно ги искористите овие бои со трета упадлива боја како сенф жолта или едноставна бела, немате потреба да се грижите. Ако и понатаму сте несигурни, започнете со воведување на ситни детали во тегет или црна варијанта.

5. Светкавите детали се само за навечер
Можете да правите вакви комбинации и во текот на денот.

6. Макси е само за високи дами.
Многу дами успеаја да ја покажат својата смелост така што носеа макси иако нивната висина не надминува повеќе од 160cm. Тоа е навистина за пофалба бидејќи постојат фантастични модели на макси фустани или здолништа кои треба да ги носите без разлика на висината.

7. Сандали и чорапи/хулахопки не одговараат
Тоа би значело дека сандалите треба да се чуваат само за топлите денови. Но внимавајте при изборот на чорапи и доколенки кои ќе ги носите со сандалите, но не си го скратувајте задоволството на ваквиот моден израз.

8. Не мешајте златно и сребрено
Во осумдесетитте оваа комбинација беше особено доминантна, па зошто да не е и сега…


You must be logged in to post a comment Login