Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Зошто мажите во нивните рани 20-ти години не сакаат сериозни врски?

Многу често слушаме приказни во кои некое момче на момент се исплашило од сериозна, моногамна врска затоа што едноставно не е подготвен за таква.

Во некои од овие случаи, мажите не се заинтересирани за долга врска. Но, има случаи каде на мажите им се допаѓа девојката, но едноставно имаат многу други преокупации кои им пречат. Така е во 20-те години – луѓето учат. Стануваат подложни на општеството и системот. Еве што точно ги попречува во процесот “сериозна врска”.

Пријателите и кариерата

Мажите во нивните дваесетти придаваат големо внимание на времето поминато со другарите. Како што стареат почнуваат да ги ставаат врските со жените на врвот на приоритетите. Тие исто така чувствуваат притисок да посветат време и енергија на нивните професионални цели. Пријателите и кариерата се многу честа причина зошто мажите не сакаат да се посветат на сериозна врска.

Емоционална недостапност и незрелост

Мажите во 20-те години се незрели. Имаат тенденција да бидат емоционално недостапни во овој период од животот. Можеби само што излегле од сериозна врска, се доселиле во нов град и имаат многу други работи кои им го одвлекуваат вниманието. Сите овие факори можат да им попречат во емоционалната поврзаност со девојка. Едноставно не знаат што треба да направат попрво. Гледањето со различни девојки им помага да разберат што точно им треба во животот.

Барањето и истражувањето во сексот

Мажите на овие години го ставаат сексот како приоритет, воедно истражувајќи го тој цел свет. Тие немаат биолошки часовници, па знаат дека во иднина ќе можат да се посветат на само една девојка. Тие исто не чувствуваат притисок да се обврзат, како жените.

Што би се случило ако сте вљубени во 20 годишно момче кое е фокусирано на својата кариера и нема време за вас, или радо би поминувал повеќе време со своите пријатели? Почитувајте се себе си доволно за да се тргнете на страна од некој кој не ве прави среќна личност. Ако не ви го дава она шо го заслужувате – продолжете понатаму заради тоа што сигурно постои некој кој е вреден за вашето време.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement