Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Зошто не можете да ја пронајдете љубовта на вашиот живот?

Доколку вашата листа на критериуми за партнер е подолга од списокот за подароци на Дедо Мраз, тогаш сигурно и вас ве мачат грижите што стареете без сакана личност.

Можеби верувавте дека вашиот вистински партнер ќе го пронајдете порано во животот, но тоа се уште се нема случено, иако ја ситните четврта декада од животот.

Вие сте воспитани, паметни, вработени и само едно прашање ви се врти низ умот „Зошто се уште не ја пронајдовте љубовта на вашиот живот?“

Еве некои од причините:

  • Се состанувате со „несигурни“ мажи, кои не ги почитуваат вашите граници.
  • Имате премногу високи критериуми.
  • Фрустрирани сте и незадоволни од себе, па така не можете да изградите здрави, долгорочни врски.
  • Уморни сте од потрагата, па се предавате на првиот маж кој ќе наиде на патот.
  • Во дваесеттите години од животот можеби го изгубивте мажот кој го сакавте. И од тогаш ви изгледа дека нема да можете да поднесете уште еднаш скршено срце, па си направивте слика на вашиот Принц за да се скриете во школката.

Што ви следува со следното момче?

Наместо да ги барате добрите работи во него, вашиот ментален фокус ќе биде насочен кон неговите несовршености. Никој нема да биде ниту блиску до вашата слика за идеален партнер, па така вие ќе останете скриена во вашето ѕвоно далеку од емоционалната болка и љубовните разочарувања, но и далеку од навистина добра врска.

Време е да размислите кој е вашиот страв… Дали се плашите од конечно сериозно да се ветите некому или пак ве јаде стравот еден ден да не бидете оставени?

Кажете му „не“ на стравот и на вашите идеални нереални критериуми, па наместо да се фокусирате на тоа колку е висок или колку или како изгледа, фокусирајте се на тоа колку е трпелив, нежен и внимателен.

Доволно долго се водевте од она „не се мажи за некој без кој можеш да живееш“ или „вистинската личност комплетно ќе ве исполни“, па прифатете дека оној кој ви е суден е можеби помалку од совршен, тоа е неромантичната страна на љубовта.

Љубовта не се продуцира од објектот на вашето сакање, неа ја носите во себе и треба да одберете да го сакате несовршеното затоа што токму таа е нишката до совршенството. Тој знае да го сака несовршеното, тој ве сака вас!

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement