Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Топ 5 модели на патики за есен 2015

Еден од најпопуларните и најудобни типови обувки се патиките! Последните неколку сезони станаа вистински хит, па можете да ги видите насекаде.

И оваа есен, покрај чизмите, патиките ќе бидат топ обувки кои ќе ги обожаваме – и поради лежерниот изглед кој го нудат и поради удобноста! Денес ви ги откривамте најдобрите 5 модели на патики за сезона есен 2015.

1. Со скриена платформа

Додека еден дел од женската популација ги обожава моделите на патики со скриена платформа која визуелно ја издолжува фигурата, а ги прави нозете повитки, постои и група девојки кои не можат да ги „сварат“ овие патики. Без разлика дали ги сакате или не, факт е дека овој модел има многу голема популарност која опстојува веќе неколку сезони, а тоа важи и оваа есен.

2. Длабоки и полудлабоки

Овие модели на патики се идеални на свежите есенски денови. Лесно може да ги заменат чизмите кога станува збор за заштита од студ или дожд, а обично поседуваат и дебел ѓон за дополнителна удобност и заштита! Најдобро одговараат со фармерки, а можете да ги најдете во најразлични облици, бои и модели.

3. Без врвки

Ова е еден од моделите кои последниве неколку сезони доживеа вистински бум. Многу практичните патики-мокасинки лесно и брзо се облекуваат, а му даваат на вашиот стил лежерен и модерен изглед. Најдобро одговараат со панталони со должина до зглобот, а постои голем избор на бои и модели.

4. Фитнес патики

Се почесто може да ги видите познатите убавици како носат елегантно здолниште или фустан и фитнес патики. Овие модели повеќе не може да се најдат само во теретаните и фитнес центрите, туку се почесто ги гледаме и на градските сцени. Припадничките на понежниот пол кои ги носат најмногу сакаат удобност. Одговараат со се – шорцеви, здолништа, фустани, фармерки…

5. Старки

Апсолутно ненадминлив и секогаш модерен модел на патики се старките. Веќе неколку сезони по ред се омилен модел на патики како во топлите месеци така и во текот на есенските денови. Поседуваат еден безвременски шарм, а нивните љубителки ги носат со се!

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement