Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Дали вреди да влезете во врска на далечина?

Ја запознавте вистинската личност а таа живее неколку стотици километри оддалечена од вас. Во вашето срце живее таа далечина која ги раздвојува вашите тела.

Дали ваквата врска може да успее?

Велат дека далечината не може да ја спречи љубовта! За љубовта ниту една река не е предлабока и ниту една планина не е превисока. Но за онаа вистинската…

Можеби не го гледате секој ден, но сепак доволно е да го видите неколку дена во месецот, за да ви ја пружи сета негова љубов и целото свое внимание.

Љубовта на далечина е посрамежлива но и почиста. Тој не ви префрла зошто денес не сте во своето најсјајно расположение, затоа што се сеќава дека вчера бевте во посета кај вашата болна баба, не препрашува по три пати, туку внимава на вашите зборови, помни и потоа ве освојува со грижата. Кога се чувствувате несигурно и кога ви беше потребна поддршка, дечкото од соседното маало беше зафатен (гледаше фудбал кај својот другар), а тој одвои часови да биде со вас, иако само виртуелно… но тој е тука за вас.

 

Пред само неколку месеци, кога одржуваше концерт вашиот омилен пејач момчето од вашиот град не беше покрај вас, затоа што вашиот омилен пејач бил еден лигав маж додека вашиот љубовник на далечина ви постираше една таква на вашиот фејсубк профил без размислување дали тоа ќе биде фатално за неговата „мачо“ репутација.

И сето ова од една причина, затоа што знае вистински да ве сака!

Прашањето сега не е дали врската на далечина  може да успее туку дали вреди да направите жртва за човек кој може да ви го пружи тоа по кое копнеете?

Сами изберете дали ќе се предадете, или на стотиците километри ќе им дозволите да ве направат најсреќни на светот…

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement