Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Што ве очекува во љубовта според нумерологијата на името?

За да откриете што ве очекува на љубовен план доволни ви се само буквите од името и презимето.

Соберете ги нумеричките вредности на секоја буква од името и презимето и откријте какви сте во љубовта.

Напишете го името на лист хартија, а под секоја буква соодветната цифра. Соберете ги додека не добиете едноцифрен број, а потоа пронајдете го добиениот број.

А – 1, Б – 2, В – 3, Г – 4, Д – 5, Ѓ – 6, Е – 7, Ж – 8, З – 9, Ѕ – 1, И – 2, Ј – 3, К – 4, Л – 5, Љ – 6, М – 7, Н – 8, Њ – 9, О – 1, П – 2, Р – 3, С – 4, Т – 5, Ќ – 6, У – 7, Ф – 8, Х – 9, Ц – 1, Ч – 2, Џ – 3, Ш – 4

А сега откријте што ве очекува во љубовта според бројот кој го добивте.

Број 1

Личностите со овој број доживуваат рационална љубов. Индивидуални личности кои имаат разновидни интересирања, па затоа е тешко да ги задоволите нивните потреби. Очекувањето покорност и послушност од нивна страна предизвикува одбивност и агресија. Ако сакате врската со ваква личност да ви успее, мора да внесете многу новости и експерименти. Овие личности се подготвени на неверство во моментите кога ќе почувствуваат дека нивната слобода е загрозена.

Број 2

Пребирливи се кога се работи за изборот на партнер. Сакаат практични и паметни личности, интелигентни и способни. Материјалисти се, па така попрво ќе се одлучат за личност која може да им овозможи сигурна иднина, отколку да се впуштат во врска чисто од љубов. Имаат смирен дух и речиси е невозможно да влезете во расправија. Ако вистински сакаат, тогаш се верни.

Број 3

Во потрага се по искрено пријателство. Ќе се впуштат во врска или брак само ако се сигурни дека партнерот им е пријател. Нивната љубов се темели врз почит и потполна доверба, па затоа сите проблеми ги решаваат преку отворени разговори. Понекогаш се болно искрени, но веруваат дека тоа е нивна предност, а не маана.

Број 4

Сакаат долги и стабилни врски. Обожаваат брак и сакаат што побрзо да го почувствуваат брачниот живот. Но, често пати знаат да погрешат при изборот на партнер. Во љубовта се едноставни, па дури и малку здодевни личности. За нив мирниот живот и стабилната врска се единствена животна цел. Тогаш се мирни, послушни и подготвени на компромис.

Број 5

Љубовта за до крајот на животот е нивната најискрена желба. Го почитуваат семејството и бракот. Секоја лага длабоко ги погодува и тешко ја враќаат довербата. Тогаш им треба поголема сила за да започнат нова врска. Љубовта ја доживуваат како единствената смисла во животот, а кога ја немаат се депресивни и незадоволни.

Број 6

Колебливи се и склони кон промени. Не се најидеални партнери за долги врски затоа што се во постојана потрага по партнер кој ќе им одговара. Но, чувствителни се и нежни. Ако некоја врска ја крунисаат со брак и тогаш нема да бидат задоволни и среќни, туку ќе бараат забава во меѓувреме. Вистинската љубов и стабилниот брак можат да ги остварат само во подоцните години.

Број 7

Нивниот живот е исполнет со бројни љубовни врски. Уживаат во авантурите и флертот. Дури и се борат за повеќе бракови одеднаш.  Навикнати се на многу раскинувања, но и нови состаноци. Сметаат дека сето тоа е нормално. На животот и на љубовта и пристапуваат многу активно и отворено, па затоа се во постојана потрага по нови, возбудливи партнери.

Број 8

Овој број ги симболизира промените и патувањата. Нивниот љубовен живот е со немирен дух. Имаат многу љубовни врски, а не е исклучено и да имаат повеќе бракови во текот на животот. желбата за разновидност постојано им ги одложува важните животни прашања, а за некоја подолга врска ќе се одлучат дури после 3-та година.

Број 9

Овие личности уште во младоста тежнеат кон повозрасен партнер. Секогаш се со спротивни карактери од својот, што за нив е типично. Често пати доживуваат разочарувања, но тоа не остава лош белег на нив. Тие знаат како да продолжат да бараат нови авантури и врски кои ќе им донесат бесконечна среќа. Не се оптоваруваат со брак, затоа што не веруваат претерано во него.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement