Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Како да дознаете дали вашата диета е успешна

Веќе долго време држите диета и вежбате, тоа значи дека сигурно веќе сакате да дознаете дали диетата всушност била успешна. За среќа, постојат неколку начини да дознаете дали вашата диета вродила со плод. Ајде да видиме како.

Вашата облека се зголемува

Можно ли е тоа? Вашите омилени пантолони се зголемиле? Секако дека не. Ако вашата облека изгледа поголема, тогаш тоа не е некој трик на вашата машина за перење алишта, туку вие ја губите тежината.

Се чувствувате подобро

Се сеќавате кога по еден ден работа, вие не можевте да се мрднете од каучот? Тие денови одамна ги нема. Сега секое утро се будите ведри, свежи, со светли очи, а на крајот од денот, вашата енергија сеуште е на високо ниво. Сето ова е резултат на вежбањето и консумирањето здрава храна.

Вежбањето станува полесно

Се сеќавате кога трчавте еден километар и се чувствувавте преморено? Сега кога вашата диета е успешна, како и вежбањето, чувствувате дека можете да истрчате многу повеќе од тоа и воопшто да не се изморите. Па тоа е уште еден знак дека вашата диета е успешна.

Други промени во животниот стил

Можеби е коинциденција што престанавте да пушите цигари и почнавте да спиете 8 часа секоја вечер, па дури престанавте и со пиењето? Или пак, можеби вашата диета ве натерала да размислувате за поздрав живот, па затоа го променивте вашиот животен стил. Не запирајте тука!

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement