Добро, ја прекинавте врската со некој кој што навистина ви значеше…што понатаму? Прашањето е, да останете пријатели или не!
Јас сум за политиката “нема враќање назад и смирување” за да можам да почнам одново полесно. Секако, после извесно време ќе има некој e-mail или пијачка, но само откога ќе помине доволно време на преболување. Ова не значи за сите поранешни љубовни врски, некои вредат да бидат задржани во текот на целиот живот.
Еве, ја прекинавте тригодишната врска во вашето момче, се свиткавте во аголот од собата, сами, се сетивте на сите убави работи кои сте ги поминале заедно, сфативте дека нема никогаш повеќе да кажете ние, им се јавивте на сите другарки, во солзи им раскажавте се.
Но, помина некое време, сега сте нова, имате нов живот, можеби нова љубовна врска. Сега сфаќате дека тој ви недостига, но само како член од семејството. Сепак, со него сте делеле се, тој ги знаел сите твои пријатели, твоето семејство, знаел се за твојот живот. Иако ја обновивте вашата врска, т.е. пријателство, сега знаете дека само сакате да бидете пријатели и дека и двајцата не сте спремни да се вратите во минатото.
За да успеете во ова, потребно е несвесно да следите некои принципи и успешно да ја преминете транзицијата на неудобната состојба од поранешни љубовници во пријатели.
Време на тагување!
Дајте си време двајцата да ја преболете врската. Колку подолго време сте биле заедно, толку повеќе време ќе ви треба емоционално да ја преболете врската. Можеби ќе бидат два месеци, а можеби и две години. Ќе знаете сами кога е вистинското време, двајцата ќе бидете свесни и спремни. Оставете да се смират страстите, да згасне поранешнот оган за да се обидете да преминете во пријатели.
Одржувајте платонска врска!
Без допирање, без бакнување, без држење на рака, без секс! Во било кое време.
Поставете јасни емоционални граници!
Иако можеби не се наоѓате во најдобар период, не посегнувајте по него. Поставете го пријателството едноставно и без многу емоционално врзување. Зборувајте за работите кои ви се заеднички, за работите кои ве направиле пријатели за време на вашата врска.
Излегувајте со други момци!
Запознајте други момци, излегувајте со нив, одете на состанок. Доколку се преправате дека сте пријатели, а само чекате да помине време и тој повторно да се заљуби во вас, тогаш тоа не е пријателство.
Ве разоткрив??? Жалам, но не би требало да го инволвирате минатиот љубовен живот. Не затоа што се обидувате да ги штедите чувствата, туку повеќе од принцип и почит. Можеби е старомодно, но пробајте, ако има доза на љубомора тогаш ќе видите дека сум во право.
Не ја анализирајте врската.
Доколку е можно, секако. Тоа оставете го со пријателите. Доколу има нешто што треба да го издискутирате за да го затворите, тогаш почекајте да бидете доволно емоционално оддалечени.
Повеќе од пријатели!
Доколку почнувате да чувствувате нешто повеќе или тој почнува да чувствува за вас, тогаш оддалечете се малку и размислете. Некои луѓе одлучуваат да се смират, но вие треба добро да размислите дали сакате да ја отворите таа врата повторно.
You must be logged in to post a comment Login