Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Што очекуваме од љубовта на 20, а што на 30 години?

Без оглед на бројот на години, она што сите го бараме е љубовта. Само што поинаку ја сфаќаме додека сме во лудите 20-ти години, а сосема поинаку кога сме во зрелите 30-ти години.

Постојат повеќе разлики во однос на сфаќањата и потребите од кои зависи каков партнер ќе изберете или како ќе ви се одвива врската.

1. Состаноци

Во 20-те состаноците ги доживувате како забава, а единствен критериум за идеален состанок е некој со кој добро ќе се забавувате.

Во 30-те години не ја барате само забавата, туку некој што размислува и многу подлабоко и кој би останал покрај вас и после забавата.

2. Компатибилност

Додека сте млади барате возбудливи и привлечни партнери и тоа е најважно.

Во позрелите години односите се продлабочуваат и се бара некој со кој може да разговарате без разлика како изгледа.

3. Секс

Дваесеттите години се за експериментирање. Тогаш уште се истражува она што ве возбудува. После тоа доаѓаат годините кога точно знаете што ни ја разгорува страста и го барате конкретно тоа, без многу експериментирање.

4. Брак

Во 20-те бракот се чини како нешто што е извесно во иднината. Додека, подоцна мора да поминете малку повеќе време со партнерот за да одлучите како ќе го поминете животот со него.

5. Цели

Уште едно нешто што го барате кај партнерот во дваесеттите се заедничките интереси. Многу е полесно да водите разговор со некој  кој сака исти работи со вас. По тој период следи оној во кој сето тоа ви станува помалку важно. Тогаш барате некој со исти животни цели бидејќи тоа може да ви обезбеди сигурна заедничка иднина.

6. Прифаќање на самите себе

Додека сте млади мислите дека добриот изглед ви е неопходен за врска. Подоцна сфаќате дека тој некој треба да ве сака такви какви што сте, а не поради вашите добри стомачни мускули.

7. Љубов

Во деновите од младоста барате некој во кого ќе се заљубите. Подоцна барате некој кој ќе знае да ве сака.

8. Пријателство

Младоста ве заслепува во љубовта, додека зрелоста ви ја дава вредноста на една врска која може да настане од пријателство.

9. Поранешни

Повеќе шанси за да им дадете на бившите има додека сте помлади, отколку подоцна кога е многу поризично да се враќате на нешто старо.

10. Среќа

Во 20-те сакате некој поради кој сте среќни, а во 30-те сакате некој кој знае како да ве прави постојано среќни.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement