Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Совети со кои ќе го задржите до себе мажот што го сакате

Почетокот на секоја врска е тежок. Да изградите долга врска е уште потешко, а да го задржите мажот до себе си заинтересиран за вас во секој момент – најтешко. Но, не и невозможно. Потребна ви е само малку фантазија и желба. Еве неколку совети како да го постигнете тоа.

Не прекинувајте да го изненадувате вашиот партнер, без разлика дали тоа ќе е со интимна вечера или со нов комплет долен веш.

Направете да се почувствува како маж. Од време на време подигнете му го егото. Најдобар начин да го направите тоа е да побарате совет од него за област во која знаете дека е добар. Може да побарате од него да ве научи да ја играте неговата омилена видео игра или да ви покаже спорт во кој е добар.

Покажете интерес кон она што тој го сака. Тоа не значи да го лажете дека ги сакате работите што ги сака тој. Одберете една или две работи што можете да ги толерирате и правете ги заедно. На пример, можете да гледате филм што тој сака да го гледа.

Разубавувајте се без тој да ве види. Не дозволувајте мажот до вас да ве види пред депилација или додека се депилирате. Мажите знаат дека се подлагате на безброј процедури за разубавување, но сепак сакаат да веруваат дека жената до нив има природна убавина.

Поддржувајте го и менувајте го вашиот изглед. Кога излегувате на некое специјално место, направете си убава фризура, маникир и облечете секси облека. Тоа ќе направи да се почувствувате убаво и ќе добиете самодоверба, а мажот до вас нема да може да ви одолее.

Направете специјален оброк. Згответе нешто што не сте го правеле до сега или пригответе го неговото омилено јадење. Внимателно аранжирајте ја масата и поставете свеќи. Нема како вашиот гест да остане неоценет.

Живејте го својот живот. Продолжете да правите сè она што сте го правеле досега со вашето семејство и пријателите. Не ги заборавајте вашите хобија. Вашиот живот ќе биде поинтересен и поисполнет, а со тоа вие ќе бидете попривлечни за него и тој ќе се бори за вашето внимание.

Не го лажете. Најдобро е секогаш да му ја кажувате вистината, затоа што ако некогаш дознае дека го лажите, тој никогаш нема да гледа на вас со истите очи.

Не бидете љубоморни или наивни. Мажите сепак си ја сакаат својата слобода. Кога нешто не е забрането не е ни интересно нели?

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement