Од „скршено срце” навистина може да се умре, покажува нова студија, бидејќи тагата по саканата личност за два пати ја зголемува шансата за застој на срцето и срцев удар. Daily Mail пишува дека овој ризик најмногу се зголемува во првиот месец по губењето на саканата личност.
Научниците исто така заклучиле дека тагата генерално го ослабува телото, па сме повеќе подложни на сите болести, од настинка до карцином. Докторите оваа појава ја нарекуваат синдром на скршено срце и во првата година по загубата, постои зголемен ризик од смрт за дури шест пати. Истражувањето конечно објаснува зошто често сопружниците во стари години умираат со мало временско растојание.
Постојат многу сложени причини за синдромот на скршено срце, но производството на кортизолот, кој го лачи надбубрежната жлезда и кој е одговорен за нашето чувство на борба против нешто е главниот причинител на проблемот. Производството на кортизолот ја зголемува количината на шеќерот во крвта за нашите мускули да работат побрзо, а на тој начин добиваме и повеќе енергија па нашето тело полесно се опоравува. Но, во стресни ситуации неговото ниво расте над нормалната граница, што може да предизвика штета.
Опаѓање на косата
На влакното му треба околу три години за да израсне до крај, потоа три месеци е во мирување, па опаѓа и се создава место за ново. Обично мируваат околу 10% од влакната, а дневно паѓаат околу 30 до 150 влакна. Високото ниво на кортизол може да предизвика мирување на повеќе од 30% влакна кои по три месеци едноставно ќе паднат. Оваа појава е честа кај жените и косата им се проретчува или недостасува на некои делови од главата.
Настинки и вирози
Тагата го слабее имунолошкиот систем, па сме почувствителни на настинки, грип, возпаленија на грлото и проблеми со стомакот. Повторно виновник е кортизолот кој го слабее имунитетот.
Главоболка
Главоболките се исто така почести кај луѓето кои тагуваат. Иако не е познат точниот причинител, докторите сметаат дека тоа е поврзано со напнатоста во рамената и грбот која се создава кога сме под стрес и лошата циркулација.
Висок крвен притисок
Не е изненадувачки, крвниот притисок обично се покачува во првите недели по загубата на саканата личност. Ова се случува затоа што хормоните на стресот влегуваат во крвотокот и срцето чука побрзо. Иако докторите не се сосема сигурни зошто ова се случува, некои студии потврдија дека луѓето по загубата на сакана личност имаат покачен крвен притисок и четири години откако ќе доживеат трагедија.
Карцином
Имунолошкиот систем не е важен само за борба против настинки, туку за одбрана од појава на карцином. Така, шведска студија од 2003-та година покажала дека жените чии сопрузи починале, имаат двојно поголеми шанси да заболат од рак на дојка во споредба со оние кои не ја доживеале оваа трагедија. Израелска студија со 6.000 семејства покажала дека родителите кои загубиле дете имаат поголема шанса да заболат од рак.
Срцев удар
Ризиците од срцев удар се поголеми за 21 пати во првите 24 часа по загубата на брачниот другар, се наведува во студијата на Универзитетот Харвард од 2012 година. Во првата недела од тагувањето, вдовиците се за шест пати во поголема опасност од останатите жени. Стресот го зголемува бројот на отчукувањата на срцето и го зголемува крвниот притисок.
Дијабетес
Данска студија го следела здравјето на мајките кои изгубиле дете и покажала дека имаат дури 41% поголеми шанси да заболат од дијабетес тип 2. Научниците веруваат дека зголеменото производство на кортизол ја оштетува работата на панкреасот кој произведува инсулин, а тој е важен за контролата на нивото на шеќерот во крвта.

You must be logged in to post a comment Login