Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Откријте ги неговите слаби точки

Мажите, не сакаат да раскажуваат за нивните проблеми, затоа во голема смисла не ги разбираме. Ви откриваме кои се нивните слаби точки, за да можете да сфатите, што поточно очекува од вас.

Не сте единствената која не си го разбира партнерот. Ова е проблем на скоро секоја жена.

Неуспехот го плаши. Секој маж, кога ќе ја запознае својата партнерка, размислува за тоа, дали ќе ги исполни нејзините сексуални очекувања. Поради тој страв , тие се повлекуваат во себе и избегнуваат нежности. Не мора да значи дека овие проблеми ќе ги измачуваат само на почетокот на врската, проблемот може да се појави и нешто покасно. Доколку сте забележале вакво однесување кај вашиот партнер, најдобро е спонтано да го наведете на нежни допири и да го опуштите со нежни зборови. Тоа ќе му помогне да се олободи од притисокот.

Сака пофалби – Мажот во сексот сака да биде заводник, да е издржлив, прав љубовник, и да е во состојба на партнерката да и овозможи, се што очекува од него. Кога ќе ги исполни вашите сексуални очекувања, тој се чувствува како херој и затоа му треба пофалба. Во текот на односот, можете да му кажете “Фантастичен си”. Тој веќе ќе биде на 7мо небо, и тогаш, од него можете да добиете се што ќе посакате.

Не го одбивајте – Никогаш не го одбивајте партнерот, кога сака да биде интимен со вас. Доколку сепак, не сакате да бидете интимни со него, бидејки не ви е добро или едноставно не сакате, објаснете му го тоа на нежен начин. Истражувањата покажаа дека мажите се поприврзани во врската доколку му давате постојано до знаење дека ви е пожелен. Пронајдете начин, на кој ќе му кажете дека и понатаму ви се допаѓа и дека и понатаму уживате во неговите прегратки. Тој сонува за тоа вие да го направите првиот чекор, па поради тоа не плашете се да тргнете во акција.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement