Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Древни источни масажи кои вреди да ги знаете

Масажата го лекува умот и телото. Безбедна е, смирува и се препорачува неколку пати годишно без оглед на возраста, здравствената состојба, а уште помалку работниот ангажман.

Таа го потпомага соочувањето со стресното секојдневие од причина што го намалува излачувањето на кортизолот, хормон на стресот. На тој начин индиректно штити од низа болести што настануваат како последица на неизбежната нервоза (висок крвен притисок, болести на срцето).

Традиционална масажа

Во овој вид на масажа се употребуваат движења како триење, благи удари, милување и нежно штипење. Со цел рацете лесно да лизгаат по телото, се користат есенцијални масла. Прво се масираат стапалата за да се стимулира циркулацијата. На препоните се разбиваат лимфните јазли, додека абдоменот се масира со кружни движења. Масажата завршува со опуштање на грбот.  Со топлината што се создава како резултат на триењето, кожата добива сјај. Добра е за смалување на стресот, подобрување на циркулацијата и тонусот на мускулите, намалување на болките во зглобови и ублажување на задебелувањето кај сврзното ткиво.

Кинеска масажа

Кинеската масажа подразбира благ масажа со притисок на глава, раце, лакти, подрачјето помеѓу стапалата и колената.  После неколку нежни кружни движења, масерот задава кратки удари со се поголем интензитет. Освен што се крајно пријатни, ударите ќе го поттикнат протокот на енергија за на крај да се воспостави баланс во духот и телото. Добра е за подобрување на работата на желудникот и останатите органи за варење на храната, а го зајакнува и тонусот на кожата.

Јапонска масажа

Јапонската масажа се темели на кинеските традиционални методи на лекување. Станува збор за низа притисоци врз клучните точки со цел да дојде до проток на енергија во одделните органи. Според ориенталното учење, секој проблем (физиолошки и психички) настанува како резултат на пореметување на енергетската рамнотежа. Добра е за урамнотежување на протокот на енергија во организмот, ослободување од стресот, опуштање на нервниот систем, подобрување на циркулацијата и зајакнување на имунитетот.

Тајландска масажа

Тајландска масажа е комбинација од кинеската масажа, јапонската, стречинг и киропрактика. Со дланките, прстите, колената, лактите, па дури и со стапалата се врши притисок врз меридијаните на телото, а со тоа се подобрува протокот на енергија.  Третманот започнува со масирање на стапалата и продолжува по цело тело во траење од час и половина. Оригиналната тајландска масажа трае и до два часа. Добра е за целокупно обновување на организмот, ишијас, лумбаго (болки во долниот дел од грбот), стрес и опуштање.

Калифорниска масажа

Оваа масажа ја оставиме за крај затоа што ги опфаќа сите типови на движења, особено оние што потсетуваат на месење тесто. Започнува со благи удари на петите, а завршува со нежно масирање на градите со цел да се затегнат. Добра е за намалување на целулитот, опуштање на кожата, растегнување на мускулите. Идеална е за летниот период бидејќи го зголемува сјајот на кожата.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement