Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Ако вашиот партнер се однесува вака, сигурно има друга! 

Доколку сте се препознаете во некој од следните сигнали, време е добро да размислите за својата врска и да запомните – не мора да се согласите на ваков однос доколку не сакате.

Многу жени поради незнаење и прекумерна доверба во мажот, добар дел од врската поминуваат немајќи претстава дека во животот на нивниот љубен има друга жена.

Ова се седум јасни показатели дека не сте му единствена:

Ви се јавува само во текот на неговото работно време

За жал, ако веднаш после работа не побрза да ве види, особено на почетокот од врската кога би требало се` да „пука“ од страст, сигурно има некој поважен на кој мора да му се јави.

После работното време, телефонот секогаш му е недостапен (барем за вас)

Се знае дека времето после работа е наменето за семејството. Ако во тој период никогаш не ви се јавува, веројатно прво мора да го „подмири“ своето семејство за потоа да може да ви се посвети вас без грижа на совеста.

Со вас комуницира исклучиво преку пораки

Ова е веќе сериозен знак за тревога. Зарем не е чудно што не сака да ви го слушне гласот, барем еднаш во денот?

Често шепоти додека разговара со вас по телефон

Замислете го како се крие во бањата за да ви се јави – тоа дефинитивно не е привлечна глетка. Веројатно ви се јавува кога неговата примарна девојка спие.

Неговите пораки претежно се договори за секс

Ако вам ова ви е во ред, тогаш нема проблем. Меѓутоа, ако вие сте подготвени во врската да вложите емоции, тогаш тој дефинитивно не е вистинскиот избор за вас.

Не знаете речиси ништо за него

Ако сте се виделе повеќе пати, а немате поим каде живее, тука нешто не е во ред.

Не ве претставил на никој од неговото окружување

Секако, не мора веднаш да ве запознае со родителите, но ако интензивно се гледате, а не знаете ниеден негов пријател, веројатно вашето момче крие дека се гледа со вас. Зошто?

Доколку се препознавте во некој од овие сигнали, време е добро да размислите за својата врска и да запомните – не мора да се согласите на ваков однос доколку не сакате.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement