Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Таа не е подготвена за врска?

Веројатно многумина од вас имале прилика да слушнат како партнерот им вели дека тој/таа не е подготвен за врска. Некои од вас можеби мислеле дека е вистина, а можеби никогаш ни не сте поверувале во таа изјава.

Најчесто, тоа е само блага верзија на оној кој не сака да биде во врска со вас. Оваа реченица е кажана со најдобри намери – не сакаат вие да бидете повредени и е еден вид на обид за одбивањето да биде што по безболно.

По оваа реченица најчесто следи и објаснувањето дека тој/таа само што излегол од една врска и не сака да скокне веднаш во друга, треба да биде малку време сам со себе и да ги среди мислите.

Или само не сака да биде повторно во врска, од стравот некој повторно да не биде повреден. Третата опција е дека во моментов, посветувањето на работата и кариерата е приоритет.

Колку и уверливо да звучи, најчесто луѓето можат да најдат време за некој со кој сакаат да бидат во врска. Има период каде ни треба време да се посветиме самите на себе, но тогаш зошто да залажуваме некој друг?

Не треба некој друг да ги пронаоѓа одговрите на таквите објасувања. Нема да помогне ако некому му ветите дека нема да го повредите, или дека ќе ја користите секоја шанса да бидете заедно. Ваквите објаснувања само може да ги влошат работите.

Најдобро е да го прифатите нивното одбивање како објаснување со ‘добра намера’ и да се сфатите дека тоа наскоро нема да се промени од било која причина. Можеби навистина во некоја друга прилика тој/таа ќе сака да влезе во врска со вас, можеби и нема да сака – но, сега очигледно не сака да биде со вас и единствено што ви останува е да го прифатите тој факт.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement