Одењето на плажа најчесто не вклучува само излежување на песокот во костим за капење, туку и посета на околните барови, присуство на забави, пловење со брод и уште многу интересни активности, а за тоа освен бикини потребно ви е и нешто за облекување врз нив.
Белите и нежните пастелни бои се идеален избор, бидејќи освен што делуваат провидно и прикладно за на плажа, во нив ќе ви биде и помалку топло отколку во темни алишта. Белата дополнително секогаш носи доза на гламур во секоја комбинација, па затоа не се двоумете. Листата на парчиња кои може да се комбинираат со костимот за капење вклучува:
1. Парео
2. Мрежеста маица
3. Кратко бело фустанче
4. Туника
5. Комбинезон
Погледнете во нашата галерија неколку комбинации кои може дополнително да ве инспирираат.






You must be logged in to post a comment Login