Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Работи кои не треба да ги делите со вашиот партнер

Кога станува збор за врските, секогаш постојат граници. Дали ви се допаѓа тоа или не, тие постојат, а ваша работа е да пробате да не ги преминете. Не веруваме дека некогаш со намера сте криеле работи од вашиот партнер, но постојат неколку работи кои никогаш не треба да ги делите со него. Прочитајте кои се тие!

Функциите на вашето тело

Точно, секое човечко суштество испушта гасови! И сите мораат да одат по голема нужда. Но, мажите сакаат да мислат на нас како дами. После се, зарем не е тоа првото нешто кое ги привлекува кај нас? Затоа не му кажувајте детали на вашиот партнер за стомачниот вирус кој го имате во моментот или менструацијата. Верувајте мажите не сакаат да го чујат ова.

Тајните на вашите пријателки

Ова навистина не смеете ни да помислите да го споделите со вашиот партнер. Пријателките ви ги кажале своите тајни и очекуваат  да ги чувате и да не ги споделувате со никој друг. Покрај се, тие го прават истото за вас. Затоа зачувајте ја нивната доверба! Мажите не се заинтересирани да слушаат озборувања, посебно ако нивниот ден бил напорен и се што посакуваат во тој момент е да се релаксираат.

Вашата четка за заби

Да, знаеме дека се бакнувате и дека двајцата понекогаш пиете од иста чаша. Но живееме во еден цивилизиран век кога хигиената е многу важна работа. Затоа не дозволувате си да ја користите четката за заби на вашиот партнер. Купете си своја!

Пасворд

Освен ако и двајцата делите еден ист е-маил или сте венчани, но во други случаи ова е едно големо НЕ! Тоа што сте му го дале пасвордот на вашиот партнерот може да го охрабри одвреме-навреме да ве проверува, а тоа внесува голема несигурност во врската и ја прави нестабилна.

Вашата несигурност

Ако мислите дека вашите нозе се премногу дебели, вашата коса премногу кадрава или вашите заби се премногу криви, пробајте да не го споменувате тоа на секои 3 до 4 часа во денот. Мажите стануваат уморни кога ги слушаат жените како постојано се жалат. Тој смета дека вие сте убава! Тој е во врска со вас, зарем не? И ако тој ве прифатил таква каква што сте, тогаш и вие прифатете се себеси таква каква што сте!

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement