Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Доколку мажот покажува дека се гордее со вас, зграпчете го и не го пуштајте!

Постојат многу знаци кои можат да ви покажат дали мажот со којшто сте заедно е доволно вреден за да биде оној, едниствениот.

Љубовните односи во денешно време се доста комплицирани, па на некои жени им е тешко да го препознаат правиот. Тешко е да се прочитаа сигналите кои ги испраќаат мажите, па затоа често се наоѓаме во заблуда. Дури и по два, три месеци врска во која ни е убаво, не можеме никако да донесем одлука дали е тој правиот избор за нас. Не грижете се! Еве неколку знаци кои ќе ви покажат дека вашиот маж е оној кој може да опстане во двојка, па затоа е важно и да го задржите.

Обрнете внимание дали ве слуша

Начинот на кој вашиот сакан ве слуша е многу важен. Поставете си ги следниве прашања кои ќе ви помогнат полесно да ја видите вредноста на мажот кој го имате покрај себе. Дали внимателно и искрено ме слуша додека му соопштувам важни работи? Дали додека разговараме, погледот му е вперен кон телевизорот? Неговите постапки во текот на разговорот откриваат многу работи за него. Оној правиот секогаш ќе ве слуша и ке ви обрнува максимално внимание.

Покажува дека се гордее со вас

Кога мажот ги критикува сите ваши идеи и сè што ќе постигнете во животот, тоа значи дека не ве цени доволно и дека нема иста визија за иднината како вас. Но доколку покрај себе имате маж кој се радува и се фали со вашите успеси, тогаш таквиот маж вреди да остане покрај вас. Ценете го тоа што тој ве цени вас, бидејќи на мажите им е тешко да се носат со професионалниот напредок на жената.

Ве прашува за совет

Доколку бара од вас совет кога се наоѓа во некој тешка ситуација, тогаш покажува дека ве цени и го цени вашето мисење. Тој смета дека сте паметна и снаодлива жена. Сфатете го тоа како голем комплимент.

Покажува дека има разбирање за вас

Секогаш се труди да ги согледа работите и од ваша перспектива. Тоа значи дека има искрена желба да ве поддржи и смири во тешки моменти, кога сте хистерична и кога плачете.

Преку своите дела покажува колку му значите

На многу мажи им е тешко да ги изразат своите емоции со зборови, па затоа своите лични чувства ви ги покажуваат преку ситни работи кои ги прават за вас. Ви подготвил вечера, ве насемал кога сте биле нерасположени, го гледал вашиот омилен фила иако не го сака тој жанр филмови или направил било каков мал гест само за вас, знајте дека тоа треба да се цени бидејчи токму тој е неговиот налин да ви покаже колку му значите и колку ве сака.

Се грижи за вас

Дали за својот сакан можете да каѓете дека е како ангел? Тој еоној кој ве негува додека сте болни, се грижи за вашата здрава исхрана, инсистира да одите на масажа поради болката која ја чувствувате во грбот. Треба да знаете дека навистина му значите!

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement