Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

финансии

Ве тераат ли емоциите на бесмислено трошење?

Купувате ли понекогаш нешто што навистина не ви треба?

Дали некогаш кога сте биле под стрес сте пробале да го излечите со шопинг? Емоционалното трошење е окарактеризирано како трошење на нешто што не ви треба, кога сте под стрес, кога ви е досадно или кога сакате да ја зајакнете својата самопочит.
Импулсивното купување во моментот ви дава емоционален поттик, но долгорочно може да предизвика проблеми – парите не одат за реални потреби или за штедење или за нешто друго за што се наменети. Ако сте свесни дека се доведувате  во емоционално трошење – свесно избегнете го. Тоа значи да препознаете што ве наведува на тоа и токму тоа да го избегнете кога и да можете.
Навики
Сменете ги своите навики, така што ќе најдете нешто за да го пополните времето, наместо неодговорно да ги трошите своите пари. Пробајте да направите попис на она што сте го купиле, а реално не ви било потребно. Некои работи можат само моментално да ве задоволат, но дали ќе ви бидат исто толку потребни и важни утре?
Месечен план
Направете месечен план и не отстапувајте од истиот. Планирајќи го месечниот буџет, на виделина ќе излезат работите што навистина ви се потребни.
Размислете пред да купите нешто. Пред да купите одговорете си на неколку прашаења: “Дали навистина ви е потребно тоа што сакате да го купите?” Дали ќе ви го подобри животот?” Ако одговорот на овие прашања е “НЕ”, тогаш многу веројатно е дека подоцна ќе се чувствувате виновни ако на тоа потрошите пари.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement