Жените кои секој ден јадат барем по едно јаболко се задоволни со сексуалниот живот, а причината е во флавоноид флоридзин кој се наоѓа во јаболкото.
Освен што ги краси епитетот дека се многу здрави, одлични за варење и први кога е збор за намалување на апетитот, јаболките сега добиле уште една титула:тие се и појачувач на жеското либидо и афродизијак.
До ваков заклучок дошла италијанска студија, така што научниците набљудувале 730 здрави жени, со старост од 18 до 43 години. Тие го анализирале нивното задоволство на сексуалниот живот, како и навиката во исхраната.
Испитаниците се поделени во две групи во кои во едната група жените јаделе минимум по едно јаболко на ден, некогаш и повеќе, додека другата група јадела повремено.
Жените кои редовно јаделе јаболки имале појако либидо и биле задоволни во сексот. Научниците претпоставуваат дека главната причина е флавоноид флоридзинот кој се наоѓа во јаболката, а кој истовремено делува и како лубрикант, како и појачувач на циркулацијата, на сличен начин како што прави женскиот хормон естрадиол.
Јаболкото слободно може да се нарече и женски афродизијак – заклучуваат научниците, кои советуваат на припадничките на нежниот пол да јадат барем по една во денот.

You must be logged in to post a comment Login