Енергетски плочки идеални за меѓу оброците кои можете да ги носите на работа или во теретана. Испробајте го овој едноставен рецепт кои сигурно ќе ве одушеви.
Состојки: 100 гр овесни снегулки, 100 гр whey протеин со вкус на ванила, 20 гр маргарин од кикирики, 50 гр бадеми исецкани во мали парчиња без кора, малку млеко или вода.
Во сад ставете ги овесните снегулки, протеинскиот прав и масло од кикирики. Се заедно измешајте со додаток на малку вода или млеко додека не добиете цврста нелеплива смеса. Со рацете обликувајте ги плочките.
На плочките ставете парчиња бадеми и оставете ги во замрзнувашот 20 минути. По тоа плочките чувајте ги во фрижидер и конзумирајте ги во рок од 3-4 дена.

You must be logged in to post a comment Login