Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

финансии

Жените владеат со деловниот свет

До 2020 година жените ќе сочинуваат 50% од милионерите во светот – тврдат експертите од британскиот „Центар за економија и бизнис“.

Денес бројката на претставнички од понежниот пол изнесува една десетина од списокот на најбогати личности на планетата. Сепак, експертите се убедени дека жените, поради долгиот животен век, ќе ги претркаат мажите, а тука се и другите адути: одговорност во водењето на работата и посилна врска помеѓу десната и левата хемисфера на мозокот.

Дали човештвото го очекува ера на нов матријахат, се прашуваат експертите.

Прв фактор на женската бизнис експанзија е светскиот пораст на бројот на разводи и склопување договори за развод во корист на жените.

Друг фактор е високиот просечен животен век на жените ( 80-81 година во однос на 76 година за мажите). Заклучоците на британските истражувачи ги потврдуваат и резултати од други истражувања.

Според последните податоци, бројот на млади жени за кои професионалната кариера најважен животен приоритет го надминува бројот на мажи кои размислуваат на таков начин!

Жените почесто превземаат на себе професионална одговорност. Вложувајќи дупло помалку инвестиции, жените инвеститори со способност да извлечат до 20% повеќе профит од мажите. Во последните 30 години просечниот приход на мажите е пораснат за 0,6%, додека кај жените тој пораст изнесува дури 63%!

Научниците ја истакнуваат силната врска помеѓу левата и десната хемисфера на женскиот мозок – поточно, женскиот приод кон бизнисот и решавањето на проблемите е покреативен и поинтуитивен. Освен тоа, во последно време жените покажуваат поголема желба за знаење. Забележано е дека на различни курсеви и тренинзи во првите редови се жените.

Тенденцијата на зголемување на улогата на жената во економијата и бизнисот е општа. Ги опфаќа дури и муслиманските земји. Во светот расте и нивото на образование на жената – сега на универзитетите студираат многу повеќе жени од мажи.

Во последните 10 години тој процес е особено забрзан. Се повеќе позиции на раководство на големите корпорации и финансиски институции им припаѓаат на жените, наведуваат експертите.

Денес имотот на најбогатата жена на светот се проценува на 30 милијарди долари – станува збор за големиот акционер во козметичката компанија „Лореал“ – Лилијан Бетанкур.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement