Земајќи ја во предвид општата ситуација, можно е некоја пријателка да се наоѓа во финансиска криза и во тебе гледа спас. Ќе ти помогнеме да ја донесеш најдобрата одлука.
Велат дека кога парите и пријателството ќе се вмешаат, на крај никогаш не излегува добро но, што можеш да направиш кога твојата најдобра пријателка е во лоша економска состојба и те моли за помош? Крајната одлука е секогаш твоја, но ќе ти помогнеме да ги процениш сите можности и последици.
Прво: Процени го вашето пријателство. Дали сте многу добри пријателки? Колку време се познавате? Дали имаш доверба во неа? Доколку одговорите на сите овие прашања те водат кон еден единствен одговор: „повеќе сме познанички отколку пријателки“, отфрли ја идејата да и позајмиш пари. Но доколку сте навистина блиски пријателки, продолжи понатаму со оценувањето на својата одлука.
Второ: Анализирај ја својата економска способност. Можеби твојата ситуација е подобра од нејзината, но можеш ли да си дозволиш толкава позајмица? Помисли на тоа дека постои мала можност никогаш да не ти ги врати парите или пак рокот за враќање да биде доста подолг од договореното. Исто така мора да размислиш добро дали таа одредена сума на пари ќе ти биде потребна во блиска иднина.
Трето: Постави ограничувања. Си решила да и позајмиш пари, но правилата сепак треба да ги поставиш ти. Рокот за враќање на парите, со или без камата, и иако изгледа тешко, дали да се потпише документ за позајмица. Направи проценка на условите.
Четврто: Не го уништувај пријателството. Доколку после сето ова сметаш дека оваа позајмица може да стави крај на вашата врска, кажи го тоа искрено и убеди ја дека не сакаш да и позајмиш пари поради овој страв. На крајот на краиштата, сепак ти си таа која треба да одлучи дали ќе позајми или не.

You must be logged in to post a comment Login