Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Заедничко живеење чекор кон брак или само редовен секс?

Веќе е клише дека жените сакаат да се скрасат поради љубов, а мажите за редовен секс. Но, научниците тврдат дека тоа е вистина.

Студијата покажала дека жените се согласуваат на заеднички живот затоа што веруваат дека тоа ќе им помогне да го врзат партнерот за брак, а мажите се согласуваат на таков живот поради почестиот секс, без притоа да трагаат секс партнерки.

Резултатите од истражувањето покажаа дека партнерите сакаат да ги отстранат сомнежите дали заедничкиот живот пред брак носи ист степен на преданост како што ја имаат брачните партнери. Се покажало дека мажите и жените гледаат бројни предности на заедничкиот живот, бидејќи најмногу време минуваат заедно и ги делат животните трошоци.
– За мажите заедничкиот живот пред брак е одличен тест за самиот брак, додека жените на тоа гледаат како чекор пред брак, велат научниците.

Американските истражувачи испитувале 200 мажи и жени во своите доцни 20-ти години. Истражувањето покажа дека жените се четири пати посклони кон заедница пред брак, додека мажите многу почесто гледаат на тоа како на позитивна работа која придонесува за редовен секс.

Недостатоците на заедничкото живеење, според жените е фактот што таквото живеење нема легитимитет, додека за мажите тоа значи крај на „слободното“ живеење.

Но, одредени експерти исто така наведуваат дека жените не мора да живеат во заедница за да го врзат партнерот или за да бидат сигурни оти тој сака брак со нив. Тие истакнуваат дека жените треба да бидат сигурни во тоа од самиот почеток.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement