Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

„Чудотворен“ зелен пијалак кој го ’убива’ лошиот здив!

Една од најлошите непријатности со кои се соочуваме секојдневно е лошиот здив. Го причинуваат многу фактори, меѓу кои се вбројуваат лоша храна, лошо варење на храната во желудникот, недоволна орална хигиена и многу други.

Меѓутоа, постои природен начин на кој можете да се решите од овој непријатен проблем.

Еден од најпознатите зачини, циметот, содржи есенцијални масти кои ги елиминираат бактериите од грлото, кои често се причина за лош здив. Лимонската киселина го неутрализира остатокот од храната кој се задржува дури и после миењето заби.

Спанаќот и магдоносот го елиминираат лошиот здив благодарение на хлорофилот кој ги уништува бактериите и го нормализира гастроинтестиналното здравје. Мешавината на овие неколку состојки, со мед како додаток, многу брзо ќе ви помогне да се решите од лошиот здив.

За подготовка на овој чудотворен зелен пијалок се потребни:

– 1 лимон
– ½ лажица цимет
– 1½ лажица мед
– 100g спанаќ
– магдонос
– 50ml топла вода

Подготовка: Во блендер измешајте ги спанаќот и магдоносот, потоа додадете ги лимоновиот сок и топлата вода. Сето тоа измешајте го и на крај додадете ги циметот и медот.

Пијалокот пијте го наутро, на празен стомак. Може да се пие и еден час после ручек.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Green Tea

Дознајте како да го заштитите од студот и правилно да се грижите за него во текот на зимата. Поинсетијата е еден од најубавите украси...

Advertisement