Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Има нешта кои секоја припадничка на понежниот пол посакува да и ги каже нејзиниот партнер, но ретко која од нив тоа навистина и го бара со зборови.
Еве мала листа на она што таа би го сакала:

Неочекувана прегратка

Нема тоа да ви го каже, но среќата и слаткото изненадување кое ќе го видите на нејзиното лице ако тоа го направите, вредни се за тој “труд “.

Поделете ги своите грижи

Бидете сигурни дека таа ќе забележи дека за нешто сте загрижени, дури и насмевката да не ја тргнувате од лицето. Што треба да направите? Да и се доверите, да и кажете зошто сте загрижени. Тоа е знак дека имате доверба во неа и гледате во неа и пријател, личност со која можете да разговарате за се, и не гледате во неа само девојка за секс.

Дајте и комплимент (дури и без причина)

Бидете дарежливи со комплиментите. Зошто ги штедите кога тие се влог во поубави случки, а не ве чинат ништо?

Речете и дека ја сакате

Грешите ако мислите дека тоа се подразбира само по себе и треба да го знае. Таа сака да го слушне! Не еднаш! Често. И го кажавте пред 1 година и мислите е доволно? Не!

Верност

Никој не сака лаги, па ни вашата партнерка. Заслужува да бидете искрени со неа и тоа и го очекува, иако можеби нема да ви го рече.

Застанете во нејзина одбрана

Колку и да изгледа сигурна и самоуверена, секоја жена инстинктивно бара поткрепа, особено од партнерот. Дури и да не се согласувате со неа во некоја прилика, подобро премолчете, отколку отворено да и се спротивставите. А најдобро, застанете во нејзина одбрана кога некој ја обвинува. Е тогаш навистина ќе ви биде благодарна. Бидете покрај неа и покажете и дека на вас може да се потпре и да смета.

Почитувајте ја нејзината приватност

Таа можеби е ваша девојка/жена, но не заборавете дека има и свој сопствен идентитет. И треба простор да се развива, впрочем како и вам што ви треба.

Претставувајте ја на другите со гордост

Погледнете ја со љубов во јавност, покажете мал знак на внимание или нежност. Заради тоа сигурно ќе се чувствува пријатно и посебно. Запомнете дека жените не се создадени за да ги разберете, туку за да ги – сакате.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement