Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Како да го натерате да се заљуби во вас?

Постојано се вљубувате во погрешни или не можете да го добиете оној кој го сакате? Вечните проблеми и дилеми кои се решаваат на многу едноставен и суштински начин.

Важно е само да се водите според неколку правила и фактори кои ќе ви помогнат како да го одберете и да го привлечете вистинскиот партнер за вас.

Близина

Многу ви е полесно да одржувате врска доколку некој е во ваша близина. Местото на живеење игра голема улога во љубовта. Според последните истражувања се покажало дека паровите кои живеат подалеку многу почесто раскинуваат од паровите кои живеат во ист град. Добро е и ако го најдете партнерот на места на кои најчесто се движите.


Карактер

Сите сакаат паметни и духовити партнери кои умеат да ги насмеат и расположат. Оние кои се полни со самодоверба и веруваат во себе, полесно остваруваат емотивна врска и им се допаѓаат на другите луѓе. Оние кои имаат поголемо љубовно искуство, полесно остваруваат нови познанства, контакти и помалку се затворени.

Сличности

Велат спротивностите се привлекуваат, но сличностите уште повеќе. Луѓето најчесто бираат партнери кои им одговараат и кои имаат слични особини како нив. Паровите  кои имаат слични интереси и однесување подолго остануваат заедно и подобро функционираат.


Возбуда

Повеќето се вљубуваат во некој бурен и нестабилен период во нивниот живот. Се смета дека тоа е најдобар период за заљубување. Силниот емотивен набој ве предизвикува да се покажете во поинакво светло и да најдете некој кој ќе ве поддржи или ќе ви се придружи.


Убавина

Важно е да бидете убави и атрактивни. На мажите секогаш првенствено им е важен физичкиот изглед, затоа секогаш треба да изгледате уредно и привлечно. Ако досега не ве забележал, обидете се да се појавите во поинаков стил или со нова фризура.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement