Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Знаете ли колку минути се потребни за да се заљубите?

Првиот состанок може да трае со часови, но докажано е дека човекот за помалку од десетина минути ја носи одлуката дали со личноста со која е излезен може да има нешто повеќе или пак не.

Иако шармирањето и запознавањето пред првиот бакнеж помеѓу мажот и жената знае да трае не само со часови, туку со денови, најновото истражување покажува дека многумина по дванаесеттата минута одлучуваат дали дотичната личност ќе им биде нешто повеќе од познаник.

– Да, цели 12 минути се доволни за некој да го импресионирате, или пак тој да ве импресионира вас. Ова го откривме откако француската осигурителна куќа „Axa“ спроведе студија во соработка со повеќе од 2.000 испитаници, вели Жил Венпирс, професор од Париз.

Резултатите покажале дека меѓу она што најмногу го привлекува спротивниот пол спаѓа насмевката, контактот со очите, тонот на гласот, но и убавиот стајлинг. Од друга страна, она што најмногу одбива секако е лошиот мирис на телото, непријатниот здив, пцовките, но и претераната сериозност.

Сепак, студијата исто така го обелодени фактот дека повеќето мажи и жени ги донесуваат одлуките и пред првиот состанок, така што по друштвените мрежи чепкаат и проверуваат сè за својот потенцијален партнер.

Истовремено се покажало дека мажите се многу поблаги при осудувањето, па многу често, и покрај сите мани на жената и даваат втора шанса, што не е случај со дамите кои веднаш во корен ја сечат секоја можност за понатамошна соработка со личноста која оставила лош прв впечаток.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement