Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Се плашат ли мажите од успешни жени?

Како што покажаа американските истражувања, мажите се плашат од успешни жени. Ваквите жени им изгледаат недостапни и мажите се плашат дека нема ниту да бидат забележани кога ќе покажат дека се заинтересирани.

Но, истражувањата покажуваат едно, а реалноста друго. Затоа одлучивме да заземеме став со кој веруваме дека мажите не се плашат од успешни, туку од жени кои се поуспешни од нив. Уште ако со една таква ја делите постелата…

Работата е во тоа што многу малку мажи (не велиме дека не постојат), можат искрено да поднесат жената да заработува повеќе од него. Иако тврдат дека тоа не им е важно, тоа многу навредливо делува на нивниот статус на „алфа мажјак“. Алфа мажјак е оној што се грижи за егзистенцијата. Но, кога постои алфа женка, која сето тоа веќе сама (успешно) го прави, таа не бара маж кој ќе и пружи ваков облик на сигурност, што мажите ги доведува до тоа да си постават прашање што уште можат да им пружат на ваквите жени. А всушност, забораваат една многу важна работа, а тоа е дека ниту еден стан, добра плата или позиција, не можат да го надоместат она што и е потребно на секоја жена, па дури и на онаа на највисока положба – а тоа се љубовта и вниманието.

Но, по тоа прашање, не лежи вината исклучиво во мажите. На нас жените е сепак малку да попуштиме и да не ја сфаќаме љубовта како уште еден проект кој што мора да го одработиме, како на работното место. Понекогаш сепак треба да дозволиме некој да биде силен и за нас, што на мажите им е потребно. Од друга страна, мажите треба да го намалат своето его, бидејќи правилата и тоа како се променија од времето на нашите мајки и баби. Дали повеќе би сакале покрај себе да имате жена чија што животна цел и е да стекне богатство преку мажот? Можеби необразована и мрзелива, неамбициозна жена?  Или повеќе би сакале таква со која што ќе можете да се пофалите?

Па, пред да почнете да се чувствувате загрозено, сетете се дека таквата, успешна жена, од сите мажи ве избрала токму вас (а не дека не можела да избира), и дека има право да очекува дека таа љубов ќе и биде возвратена. Откога да се биде паметна, образована и успешна жена е хендикеп? И од кога една плата во домот е подобра од две?

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement