Трендовите можеби секојдневно се менуваат, но никогаш нема да погрешите ако одберете еден од овие 5 модели.
Тие се вечно модерни, удобни и топли, затоа вреди да ги имате во гардероберот оваа зима:
Џемпер со овален отвор
Одлично се вклопува со сите здолништа и панталони со висок струк. Под него можете да носите кошула на закопчување, а нема да погрешите дури и да го облечете над омилениот тесен црн фустан.

Џемпер со гломазна плетка
Крупните плетки станаа зимска класика затоа што се топли, а истовремено изгледаат неверојатно префинето. На секоја комбинација додаваат пријатна, рустична нота. Запаметете, колку е поголема плетката – толку подобар е ефектот.

Елегантна ролка
Елегантната ролка можете да ја комбинирате со сè што имате во гардероберот – од тесни елегантни здолништа, до обични фармерки и класични панталони со висок струк.

Асиметрична туника
Идеална за деновите кога немате многу време за дотерување, а сакате да изгледате опуштено. Одлично се вклопува со тесни хеланки, дезенирани хулахопки и чизми до колена.

Џемпер со впечатливи детали
Монистри, реси или нешто сосема трето – важно е да биде впечатливо и да привлекува внимание. Секако, остатокот од гардеробата треба да биде минималистички.


You must be logged in to post a comment Login