Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Секоја жена заслужува од својот маж…

Романтичната врска е преполна со компримиси.

Но, тоа не значи дека треба да се помирите со судбината и да заборавите на повеќето свои потреби. Секоја жена заслужува човек кој ќе ја сака и почитува, и кој ќе биде спремен на одредени отстапки за да ја направи среќна.

1. Полноќен шопинг

Знаете дека покрај себе го имате вистинскиот човек, ако истиот е подготвен сред ноќ да истрча до најблиската продавница за да ви купи тампони или влошки. Него не само што не му е непријатно да купува интимни женски производи, туку е свесен дека треба да биде ефективен, а купувањето да го направи во брз временски рок.

2. Паметење на детали

Тој не мора да ви ги чита мислите, ниту да биде одличен готвач, но би требало да ги знае вашите фаворити. По долгиот работен ден, тој ќе ве изненади со најомиленото јадење од омилениот ресторан, и без прашање ќе ви наточи чаша вино. Истовремено, пред него можете да јадете и пиете без чувство на вина.

3. Релаксирање пред телевизорот

Чувајте го мажот кој мисли дека саботната вечерна забава е еднакво забавна како и „вегететирање“ пред телевизорот покрај вас со омилената серија. Жените сакаат да се подготвуваат и излегуваат на ноќна забава, но понекогаш не им е до тоа и сакаат само да се гушкаат со партнерот во топлите пижами.

4. Поделба на домашните обврски

Живееме во 21-ви век и чистењето, готвењето и перењето не се исклучиво женски работи. Ако имате маж кои доброволно ќе се понуди да ги измие садовите по вечерата, знае да ја запали правосмукалката и е подготвен да ја пушти машината за перење- чувајте го!

5. Добар секс

Неговото тело е создадено за кај вас да предизвикува ерупција од страст и задоволство. Вие имате право понекогаш да кажете дека ве боли глава, но исто така заслужувате несебично водење на љубов кое ќе ви даде незамислени височини.

6. Делење на исти интереси

Вашиот партнер не треба да биде ваша копија во машко тело, но убаво е да се биде во врска со некој кој дели дел од вашите интереси, или едноставно сака да ви угоди.

7. Посветеност во врската

Ви заслужувате партнер кој е свесен за вашите добри и лоши страни. Згора на тоа, тој се смее на вашите (лоши) шеги, сака секогаш да биде во ваше друштво, и не размислува на други жени. Тој посветено сака да ја гради вашата врска.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement