Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Причини за доцнење на циклусот

Освен ако не се обидувате да останете бремени, редовниот месечен циклус е истовремено и благослов и клетва. Од една страна треба да се соочите со грчеви, подуеност и промени во расположението. Од друга страна, олеснување, не сте бремени! Но ненадeјно ви доцни месечниот циклус, а бебе не ви е на агендата и почнува да ве фаќа паника, но пред да излудите од грижа треба да знаете дека има и други фактори освен бременоста кои можат да бидат виновни за ова задоцнување.

Поголем дел од жените имаат помеѓу 11 и 13 месечни циклуси во годината. Сепак, кај некои жени ова е поинаку, месечните циклуси можат да бидат повеќе или помалку на број. Редовноста и доцнењето на месечниот период треба да се пресметува во однос на она што за вас е нормално.

 

Промена на редовната рутина на живот

Дали почнавте со нова работа? Го сменивте биоритамот? Дали сте или бевте на одмор? На вашето тело можеби му треба малку време за да се навикне на промената во вашата рутина на живот и тоа може да влијае на редовноста на месечниот циклус, особено ако овие промени почнале во времето кога вообичаено би требало да сте во период на овулација, што може да предизвика задоцнување па дури и прескокнување на месечниот циклус.

 

Стрес

Вашите емоции, особено стресот, може да има големо влијание на редовноста на месечниот циклус. Понекогаш стресот може да предизвика намалено лачење на хормоните во телото, што може да ја одложи овулацијата или менструцијата. Воедно, ако си предизвикувате уште повеќе стрес поради тоа што ви доцни циклусот можете да предизвикате да ви дојде уште подоцна. Мајката природа може да биде сурова.

 

Телесната тежина

Драстичните промени во телесната тежина можат да го одложат циклусот. Сериозните проблеми со исхраната, како болумија и анорексија, често се одразуваат на севкупното здравје, па и на месечниот циклус.

Воедно, прекумерната тежина, или пак премногу ниската телесна тежина можат да влијаат на циклусот. Прекумерната тежина може да предизвика хормонални промени, кои влијаат на промената на месечниот циклус. Многу од жените со прекумерна телесна тежина повторно воспоставуваат редовен циклус, откако ќе ги изгубат вишокот на килограми.

Од друга страна пак, ако немате доволно масти во телото, тоа може да влијае на редовноста на месечниот период. Оваа состојба се нарекува аменореа, а качување на килограмите до нормалната граница најчесто помага во регулирање на циклусот.

 

Претерување со вежбање

Дали тренирате за маратон? Ако имате нова и интензивна рутина за вежбање, вашиот период може да задоцни. Всушност, луѓето кои се занимаваат во екстремни физички активности понекогаш имаат проблеми со циклусот. Природата, понекогаш, има свој начин да не заштити од бременост кога телото е под голем стрес. Вашето тело самото ја спречува овулацијата така што не лачи доволно естроген, а со тоа се одложува и месечниот циклус.

 

Орална контрацепција

Изостанување на месечниот циклус може да биде и безопасна нус појава на мерките превземани против несакана бременост. Некои од апчињата за орална контрацепција можат да предизвикаат изостанување на месечниот циклус кое не е опасно. Воедно, ако сте престанале со користење на контрацептивните апчиња на вашето тело може да му треба одредено време за да се врати во својата природна состојба, а тоа може да предизвика промени во месечниот циклус.

 

Заболување

Ненадејните и кратки заболувања, како и оние долгорочните, можат да предизвикаат одложување на овулацијата, а со тоа и месечниот циклус. Најчесто ова одложување е привремено. Доколку мислите дека ова е причината за вашето задоцнување, разговарајте со вашиот лекар.

 

Синдром на полицистични јајници

Синдромот на полицистични јајници е предизвикан од хормонален дисбаланс, односно промена на нивоата на естроген, прогестерон и тестостерон. Последица од овие промени може да биде целосно изостанување на месечниот циклус, а не само доцнење. Другите симптоми на овој синдром се засилено растење на влакна на лицето и градите, потешкотии во губење на телесната тежина, и потенцијални проблеми со плодноста. Повеќе за синдромот на полицистични јајници прочитајте тука.

Ова се некои од најчестите, секојдневни причини за доцнење на месечниот циклус кај жени кои не се бремени. Секако, можат да се јават други причини за оваа промена, како на пример несакана последица од користење на одредени лекови или проблеми со тироидната жлезда и сл. Доколку месечниот циклус ви доцни подолго време, во размер кој соодветствува со она што за вас е вообичаено, а вашиот тест за бременост е негативен, најдобро е да се консултирате со вашиот гинеколог.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement